Монпелје го освои својот десети Лига Куп во својата историја (15 издание), по уверливата победа против ѕвездениот ПСЖ (26-31). Успехот е уште поголем ако се знае дека Монпелје трофејот го подигна во спортскиот центар во Монпелје пред своите 7000 гледачи.
Со оглед на повредата на Никола Карабатиќ, кој имаше проблеми со бутниот мускул на почетокот на дуелот и не влезе во натпреварот, како и слабиот процент на одбранети удари на Тиери Омејер ( 21%) беа причините за поразот на ПСЖ. Благодарение на одличната одбрана и прецизноста на Кавтичник и Гигу, Монпелје имаше предност од 13-15 по првите триесет минути. Одлична вечер имаше и францускиот голман Винсент Жерар (40%), и тој имаше голем удел во десеттата Куп титула за Монпелје.


