Народната вели дека крушата под круша паѓа. Во светот на спортот сведоци сме дека не секогаш има вистина во оваа изрека, но Мелвин Ричардсон дефинитивно ја потврдува. Синот на најдобриот ракометар на ИХФ за 1995-та година, Џексон Ричардсон и повеќе од успешно чекори по стапките на својот славен татко. Ричардсон јуниор во средата имаше фантастичен перформанс за својот Шамбери против Кретеј кој домаќините го добија со 31-27, а идната ракометна ѕвезда постигна дури 12 погодоци од 15 удари кон противничкиот гол.
Леворакиот ракометар имаше одлична година и на репрезенатативен план откако со репрезентацијата на Франција до 19 години го освои златниот медал на Светското првенство кое се одржа во Русија, покажувајки дека неговото време допрва доаѓа.
Гол-шоуто на Мелвин Ричардсон против Кретеј погледнете го видеото подоле.