ГЛАУСЕР ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО МЕЦ

По одличните настапи во дресот на Мец, 22 годишната голманка Глаусер не сака да ја промени средината и со тоа одлучи да го брани голот на францускиот шампион уште 3 години.

Glauser_laura_08_Pillaud-2-e1415959637856

Лаура Глаусер со ракометот започнала во својот роден град Бесансон, а Мец е нејзиниот втор клуб во кариерата. Со Мец досега 3 пати ја има освоено шампионската титула во француската лига и два пати купот во Франција. Моментално во сениорската репрезентација на Франција го дели голманското место заедно со Амандин Лејно. Во 2012 година  беше прогласена за најдобар голман на Јуниорското Светско Првенство.