Со пристигнување на Камила Херем во Скопје ќе се пресели и нејзиното семејство. Сопругот на Херем е централниот бек на Елверум, Стефен Стегавик кој заедно со одличната крилна ракометарка во јуни ќе пристигне во Македонија.
32-Годишниот Стегавик прво му бил понуден на Металург, но управата на Автокоманда не била заитересирана за услугите на искусниот централен бек. Затоа во новите варијанти како нов дом за сопругот на Херем веќе се споменуваат Работнички како најсериозен кандидат и составот на Пролет.
Неговиот ангажман во голема мерка ќе зависи и од управата на „црвено-црните“, а каков договор ќе постигне искусниот Стегавик со македонските екипи официјално ќе дознаеме во јуни.


