Во 8-то коло во Лигата на шампионките во првата група денес Флери ја пречека Баја Маре пред своите навивачи. Натпреварот го одбележаа малиот број на голови, како и фантастичниот гол токму на Французинката во редовите на Баја Маре, Алисон Пино, во последната секунда од мечот за победа од 18:17 (8:8) за романскиот тим. Со победата против Флери ракометарките на Баја Маре ги задржаа шансите за второто место во групата 1.
Најефикасна во составот на Баје Маре беше Луис Абинг со шест погодоци. Херојот на натпреварот Алисон Пино беше стрелец на три погодоци.
Табела, група 1
- Ростов Дон 15
- ФТЦ 10
- Ларвик 8
- Баја Маре 8
- Флери 6
- Турингер 1


