Оливера Јуришиќ следната сезона ќе игра во Тулон

Перспективната ракометарка која кариерата ја започна во Данска, Оливера Јуришиќ, следната сезона ќе ги брани боите на францускиот суперлигаш Тулон. 26-Годишната Јуришиќ со Тулон потпиша договор кој ќе важи се до 2019-та година, па така клубот за следните сезони ја обезбеди позицијата лев бек. Данската интернационалка и во 2015-та година го носеше дресот на Тулон, но поради повреда мораше да паузира неколку месеци. Оваа сезона се врати во Данска и потпиша договор со екипата на Скиве, а раководството на францускиот тим повторно ја посака во своите редови.

Јуришиќ во својата ракометна кариера настапуваше и за Хорсенс, Виборг и Копенхаген.