Роберт Гунардсон го напушта ПСЖ и се враќа во Архус

Репрезентативецот на Исланд, Роберт Гунардсон, кој го носи дресот на ПСЖ, следната сезона се сели во Данска и ќе настапува за екипата на Архус. Голем дел од данските клубови за следната сезона подготвуваат амбициозни тимови, а Архус е еден од нив. Гунардсон од 2003-та па се до 2005-та година настапуваше токму за Архус, а во сезоната 2004/2005 беше прв стрелец во Данска со вкупно 241 погодоци.

Гунардсон игра на позиција пивот и со клубот од Данска потпиша двегодишен договор. Исланѓанецот има големо меѓународно искуство, а освен во француската лига настапуваше и во Бундес лигата за екипите на Рајн – Некар  и  Гумерзбах.