Новиот Вардарец? (ФОТО)

Како што веќе информиравме, Жоан Канељас е пред потпис со македонскиот првак РК Вардар. Овие денови Канељас допатува во Скопје со својот менаџер, да ги провери условите кои ги нуди спортското друштво Вардар, а натпреварот од Лигата на шампионките беше одлична шанса да почуствува само мал дел од атмосферата во СЦ „Јане Сандански“.

Во свечената ложа во друштво на претседателот на клубот, Сергеј Самсоненко, директорот на клубот Давор Стојановски и неговиот менаџер, шпанскиот централен бек го проследи натпреварот меѓу женскиот клуб Вардар и шведскиот шампион Савехоф.

Разговорите околу еветуалниот ангажман на Канељас веќе се започнати, а деталите околу преговорите ќе потврдат дали Канељас ќе потпише за Вардар од 2017 година, или во договор со Кил ќе биде отстапен една година порано и ќе му биде на располагање на Раул Гонзалес веќе од јуни оваа година.

zrk vardar-savehov-2