На маргините на Европското првенство во ракомет, Арена Краков беше домаќин на традиционалниот турнир на медиумските претставници. „Полска 2016“ донесе неизвесност и возбудливи моменти, а по малку и ракомет. Учествуваа четири репрезентации, новинарите од Полска, Германија и Франција како и евромикс репрезентација во која покрај претставникот од Македонија учествуваа претставници од Србија, Хрватска, Ирска, Италија, Норвешка и Шпанија.
На репрезентациите на Германија и Франција им припадна честа да го отворат турнирот. Француските новинари уште на самиот старт го наметнаа своето темпо, но неизвесниот меч се одлучи со гол во последните моменти, а поуспешни беа Французите и со резултат 10-9 се пласираа во финалето.
Во вториот натпревар гледавме комплетна доминација на „европскиот“ тим, а домаќините исто како и нивната ракометна селекција останаа без финале. Европските новинари го совладаа составот на Полска со убедливи 9-5.
Во финалниот дуел новинарите од Франција беа порасположени и на крајот славеа со 9-6, јазичната бариера и невоиграноста беа причина за поразот на „европскиот“ тим иако по првото полувреме имаа нерешен резултат 3-3.
На крај со свеченост беа одбележани најдобрите ракометари на турнирот, а наградите ги доделија претставници од ЕХФ и ЕХФ медија. Македонскиот фоторепортер Филип Вирановски како дел од екипата на евромикс составот, постигна еден гол и го освои второто место на турнирот.
Почуствувајте дел од атмосферата на турнирот за медиуми преку објективот на 24Ракомет.
[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”grayscale” animation_effect=”fadeInRightBig” album_title=”false” album_id=”22″]
ФОТО: ПЕТАР ШИМЛЕША


