Она што никој не можеше да го предвиди пред стартот на првенството на крајот и се случи во Полска. Германија ги покори сите и по втор пат во историјата на Европските првенства успеа да го освои највиското место на пиедесталот.
Дагур Сигурдсон успеа да направи еден млад и фантастичен состав со кој Германија блескаше во текот на првенството. Повредите на клучните играчи на првенството не беа пречка за останатите ракометари кои на крајот ја демонстираа големината на Германија и завладеаа со Европа.
Погледнете низ објективот на Филип Вирановски како изгледаше церемонијата на која беа прогласени најдобрите репрезентации на дванаесетото Европско првенство.




ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ


