Германскиот клуб Хамбург некогаш значеше почит во ракометна Европа, но во изминатите две сезони, поранешниот победник на Лигата на шампионите има сериозни проблеми со опстанокот. По минатогодишната криза околу неплатениот долг, управата на Хамбург привремено решение најде во својот претседател Андреас Рудолф.
Сепак Рудолф, кој го финансираше клубот од сопствени средства, повеќе не може да го издржи финансискиот товар што значи дека клубот има рок до почетокот на наредната година да го обезбедат враќањето на долгот од пет милиони евра или да прогласат конечен банкрот и Хамбург повеќе да не постои.
Бидејќи се поизвесно е најцрното сценарио за некогашниот гигант, дел од ракометарите во јануари ќе бидат слободни играчи. Најинтересен на трансфер пазарот е хрватскиот пивот Брозовиќ кој оваа сезона од ППД Загреб премина во Хамбург. Токму неговиот поранешен клуб веќе го најавува неговото евентуално враќање во матичниот тим, првичните контакти се остварени, а деталите околу неговиот ангажман ќе се разгледуваат по Нова Година. Сепак, во борбата за потписот на Брозовиќ, хрватите ќе имаат конкуренција.
Тимот од Автокоманда оваа сезона се обидува да се врати на старите патеки, и полека да се приближи до реномето кое го имаше пред неколку години. Оваа сезона Металург донесоа две вистински засилувања во имињата на Божовиќ и Шпилер, но вистинско откритие беше и Даниел Дупјачанец кој одбрани одлична полусезона. Шпилер замина, а Металург започна со подготовка на тимот за новата сезона.
За враќање на старите патеки Металург ќе мораат да бидат конкурентни кога е во прашање македонскиот шампион, а за тоа се потребни квалитетни ракометари. За Металург освен Брозовиќ интересен е и Драшко Ненадиќ и можеби пакет понудата би била привлечна варијанта за младиот хрватски пикер кој еднаш веќе замина од Загреб.
Но најсериозен кандидат за потписот на Брозовиќ е Кил. Германскиот шампион во трка по младиот пивот се вмеша откако на неколку дена пред Нова Година се повреди првиот избор на таа позиција Рене Тофт Хансен. Данскиот репрезентативец имаше клучна задача во одбраната и нападот на Кил откако се повреди Патрик Винчек на почетокот на оваа сезона.
Сепак за конечната разврска околу финансиските проблеми на Хамбург и конечната разврска останатите клубови ќе мораат да почекаат уште некој месец.


