Скандинавскиот 1/8 дуел помеѓу двете сестрински земји -Данска и Шведска полесно од очекуваното заврши во полза на домаќинот со резултат 26-19.
По изедначените почетни минути и резултат од (6-6), со погодоците на Лине Јоргенсен и Трине Остергард, домаќинот Данска дојде до предност од 2 погодоци (8-6) на средина на првиот дел. Во останатите 15 минути од првиот дел, домаќинот ја прикажа најдобрата игра на првенството до сега и успеа да направи висока разлика од 15-7.
Вториот дел од натпреварот донесе мало освежување на страната на Шведска и благодарание на добрата игра ракометарките на Шведска успеаа да го намалат резултатот на 20-17. Сепак погодокот на Мете Гравхолт успеа дополнително да ја зголеми предноста во полза на домаќинот и донесе обесхрабрување на спротивната страна за дополнително зголемување на разликата и конечни 26-19.
Јоргенсен со 6 погодоци ја предводеше листата на стрелците кај домаќините, додека еден помалку имаше Јохана Алм на спротивната страна.
Во 1/4 финалето, Данска ќе се сретне со репрезентацијата на Романија која денеска беше поуспешна од актуелниот првак – Бразил.


