Радичевиќ втор стрелец во прелиминарната фаза

По завршување на шестиот ден се комплетираа двојките за осминафиналните натпревари. Со одигрување на последните натпревари од петото коло репрезентациите ги сумираат впечатоците и се насочуваат кон новите предизвици во борба за титулата или Президент купот.

По првата рунда Шведска остана непоразена, а Натали Хагман е најпрецизната ракометарка во досегашниот тек на натпреварувањето со 38 постигнати голови.

По неа следува Јованка Радичевиќ со 34 постигнати погодоци, која и помогна на репрезентацијата на Црна Гора да го заврши прелиминарниот дел со само еден загубен бод.

Германската репрезентативка Сузан Милер е трета на листата стрелци со 33 погодоци, но тоа не и донесе повисок пласман од третото место на селекцијата на Германија во групата Ц.

На четвртата позиција со 32 погодоци се наоѓаат три ракометарки, репрезентативката на Ангола, Натали Бернардо, и две ракометарки од балканските простори Катарина Крпеж и Катарина Булатовиќ.

Кога се во прашање одбраните на голманите, најуспешна е холандската репрезентативка Тес Вестер со импресивин 45% одбранети удари, додека ракометарката на Вардар, Амандин Лејно има успешност од 39% одбранети удари за Франција и се наоѓа на шестата позиција.