Шестиот ден на Светскиот шампионат во Данска, помина во знакот на „зборнаја“. Русија со денешната победа против уште еден фаворит го обезбеди првото место во група Д.
Русија – Романија 30-27 (16-17)
Пред да започне натпреварот двете екипи веќе си ги осигураа позициите на табелата во својата група без разлика на исходот. Романија ќе заврши на четвртото место, додека Русија ќе го стартува вториот, елиминациски круг од првата позиција.
Двете екипи одиграа одличен натпревар, натпревар за публика во кој Русија ја забележа петтата победа. Романките имаа сили за 45 минути, а потоа одличната репрезентација на Русија ги превзема работите во свои раце.
Ана Вјахерева повторно беше најдобра со шест погодоци во победата на Русија, додека Валентина Елисеи Арден беше најпрецизна кај Романките исто така со шест погодоци.
Можеби светските медиуми не сакаа да ја разберат Ана Сен, но едно е сигурно „лудиот“ Евгениј Трефилов го врати составот на Русија на вистинските патеки.
| Место | Тим | Одиграни | Победи | Реми | Порази | +/- | Вкупно |
| 1 | Русија | 5 | 5 | 0 | 0 | 171-115 | 10 |
| 2 | Норвешка | 5 | 4 | 0 | 1 | 159-106 | 8 |
| 3 | Шпанија | 5 | 3 | 0 | 2 | 148-98 | 6 |
| 4 | Романија | 5 | 2 | 0 | 3 | 150-116 | 4 |
| 5 | Пуерто Рико | 5 | 1 | 0 | 4 | 88-197 | 2 |
| 6 | Казакстан | 5 | 0 | 0 | 5 | 95-179 | 0 |


