Франција моќно против Германија: Лејно блескаше на голот

Првиот натпревар за Германија на СП во Данска помина катастрофално откако репрезентацијата на Франција ја порази со десет голови разлика, 30:20 (16:7).
Французинките предводени од голманката на Вардар, Амандин Лејно, успеаа да стигнат до убедлива победа. Амандин Лејно бранеше до 52-та минута и успеа да забележи 19 одбрани и два седмерци. На спротивната страна прославената голманка, Волтеринг, застана на само три интервенции.

Пред околу 2000 гледачи во Колдинг, Германија одигра лош натпревар со многу грешки, а единствено расположена за игра беше Сузан Милер која постигна речиси половина од головите за својата репрезентација, вкупно 9 голови.

Во селекцијата на Франција настапи и  Сираба Дембеле  која натпреварот го заврши со два погодоци.