По пет кола, ПСЖ ја предводи француската Д1 лига

Веќе во 5-то коло, ПСЖ се издвојува како главен фаворит за освојување на титулата, а освен нивните импресивни игри, останатите екипи се на еднакво ниво. Французите играат интересна и речиси изедначена сезона во која секој секого може да победи, а како заврши петтото коло можете да прочитате во продолжение.

ПСЖ-Шамбери 35-27,
Во дуелот на два квалитетни тренери од балканските простори, победи тимот предводен од Сердарушиќ. Силниот состав на ПСЖ покажува дополнителен квалитет во однос на сезоните кога го предводеше Филип Гарден. Независно дали игра пред своја публика во градот на светлината или на страна, респектабилниот состав со врвни имиња, поставува нови стандарди.
Шамбери од друга страна оваа година игра променливо, но на овој меч и не можеше повеќе против расположените стрелци. Шамбери е близу опасната зона со само една победа.
Иври-Шартрес 34-29(12-15),
Натпревар со пресврт, кој на крајот го добија расположените стрелци кај Иври, додека гостинот не успеа да ја повтори одличната игра од првите 30 минути. Иври е моментно на 9та позиција, додека Шартрес е закован на дното без бодови.
Нимс-Кретеј 30-30(15-13),
Единственото реми и поделба на бодовите се случи на овој меч. Расположени беа стрелците на обете екипи, кои имаа по едно полувреме, но сепак мораа да се задоволат со ремито кое е најреален исход. На табелата, Нимс е 5ти и е една позиција погоре од Кретеј. Нимс има само еден пораз оваа сезона, додека Кретеј игра променливо.
Тулуз-Данкерк 27-28 (12-12),
Тимот на Гоце Георгиевски не успеа пред домашната публика. Овојпат од нив подобар беше Данкерк кој прикажа разновидна игра во напад, со квалитетна транзиција.
Тулуз е на само една победа, додека Данкерк моментално се наоѓа на солидната 7 позиција.
Трембле-Сесон 25-27 (8-14),
Сесон кој го гледавме во Струга ова лето, продолжува со добрите игри, овојпат падна и Трембле и тоа на негов терен а пред се благодарение на одличната одбрана на Сесон. На табелата, домаќинот е претпоследен, додека Сесон е на одличното 4то место.
Монпелје-Аикс 37-30 (17-15),
Солидниот состав на Монпелје покрај во ЛШ се бори и во домашниот шампионат на Франција. Одличен натпревар за публиката во салата во Монпелје. Нападот на домаќинот разновиден, со решенија од пикерска позиција и брза транзиција. Аикс пружи добар отпор, но недоволно за расположениот состав на Монпелје. На табелата, Монпелје го следи речиси во чекор ПСЖ, додека Аикс е на 8ма позиција со променливи игри.
Нант-Рафаел 23-27 (9-13),
Нант на овој меч немаше решенија за цврстата одбрана на тимот на Ст. Рафаел. Гостите продолжуваат со креативната игра исто како и минатата сезона. Сепак оваа година се поискусни, а тимот е покомпактен затоа го одржуваат чекорот со водечките екипи во Франција. Нант има единствено една победа и го чека тешка битка оваа сезона.

TАБЕЛА

1. Paris     10

2. Montpellier     8

3. Saint Raphael     8

4. Cesson-Rennes     8

5. Nîmes     7

6. Créteil     6

7. Dunkerque     4

8. Aix     4

9. Ivry     4

10. Chambéry     3

11. Toulouse     3

12. Nantes     3

13. Tremblay     2

14. Chartres     0

 

 

ФОТО: TeamPics/PSG