АТРАКЦИИ ВО ФРАНЦИЈА: ГОЛОВИ ОД МРТОВ АГОЛ, ЦЕПЕЛИНИ, БОМБИ ОД ДЕВЕТ МЕТРИ (ВИДЕО)

Во француското ракометно првенство на програмата беше четвртото коло во кое фаворитите стигнаа до нови победи. ПСЖ славеше на гости против Шартре со убедливи 20-32, а екипата на Монпелје исто така на гостински терен го декласираше Шамбери со 25-35. Кретеј на Борко Ристовски забележа важна победа на теренот на Данкерк совладувајки го со 23-25, а Гоце Георгиевски со два постигнати гола учествуваше во поразот на својот Тулуз на гостувањето кај Ним, 32-28. На видеото подоле погледнете ги најдобрите пет голови од четвртото коло на Француското ракометно првенство.


TOP BUTS J04 by LNH