По три кола, ПСЖ ја предводи француската Д1 лига

Се комплетираше третото коло во најсилната француска лига. Фаворитите ги освоија предвидените бодови, но по неочекуваниот пораз на Монпелје во второто коло, ПСЖ ја превзема лидерската улога во националниот шампионат, а ја потврди со уверлива победа против Ст. Рафаел.

Кретеј- Аикс 31-29 (15-16),
Динамичен натпревар со многу голови и расположени стрелци. Домашниот состав кој со пресврт во вториот дел дојде до победа, тимот на Борко Ристовски, стигна до два важни бода на домашен терен. Кретеј е на 8ма позиција додека Аикс падна на 12та позиција.
Иври-Нимс 35-36 (19-19),
Брзиот ритам што се наметна од стартот на мечот придонесе публиката да проследи атрактивни голови, крилата одиграа клучна улога, додека бековите освен со ударите од далечина имаа решенија и за пикерската позиција. Натпревар каде брзата контра донесе лесни голови на обете страни. На крајот Нимс славеше со еден разлика, но уште поважно освои два бода со кои се искачи на третата позиција, додека Иври врза два порази во серија.
Тулуз-Шатр 29-22 (15-12),
Екипата каде настапува репрезентативното десно крило Георгиевски, освои два бода, пред се со цврстата одбрана која потоа внесе сигурност и во нападот. Домаќините го контролираа и мечот, но и резултатот од почетокот до крај. Тулуз моментално е на 9та позиција, додека гостинот има три порази во серија на стартот на сезоната.
Трембле-Данкерк 25-24 (11-12),
Уште еден натпревар со пресврт во вториот дел, но и заслужена победа на Трембле чии ракометари повеќе ја посакуваа победата. Цврст натпревар во кој голманите се истакнаа, за да на крајот Трембле да слави пред својата публика. Моментално со оваа прва победа се наоѓа на 11-та позиција, додека Данкерк е претпоследен на табелата и покрај тоа што ја има една од подобрите одбрани во лигата, но и крајно неефикасен напад.
Монпелје- Сесон 36-29 (19-13),
После киксот со Данкерк на гости и поразот од Вардар, Монпелје со победа ја продолжува трката со ПСЖ во францускиот шампионат. Нападот беше беспрекорен, можеби одбраната попушти во вториот дел, но сепак се чини Монпелје ја контролираше играта низ целиот натпревар. Сесон останува блиску до екипите на врвот и моментално се наоѓа на 5та позиција.
ПСЖ-Ст.Рафаел 34-27 (20-13),
Уште една победа во домашното првенство за лидерот ПСЖ, есктра скапиот состав на Сердарушиќ има за цел титули во сите конкуренции и досега одат по зацртаното, но патот е долг и сезоната е напорна особено кога се игра на повеќе фронтови. Ст.Рафаел пружи добра партија и солиден отпор кон фаворитот. На табелата, Ст.Рафаел е на делба на 2-та позиција со 4 бода заедно со Сесон, Нимс и Монпелје.

ФОТО : TeamPics/PSG