Волтеринг се враќа во ЖРК Будуќност?

Главна вест во данските медиуми денес беше информацијата дека Клара Волтеринг би можела да се врати во редовите на европскиот шампион ЖРК Будуќност во втората половина од сезоната. Информацијата на наводното враќање на Волетеринг ги потврдија и ракометните фанови на неколку од попознатите ракометни форуми низ Европа.

На почетокот на сезоната, Волтеринг го напушти Будуќност и повторно се врати во Германија каде потпиша договор со екипата на Борусија Дортмунд.

Во моментов актуелниот шампион – Будуќност на голманската позиција ги има на располагање Марта Здериќ, Љубица Ненезиќ и Ана Рајковиќ.