Француската Д1 лига, ги започна ракометни мајстории, веќе на стартот на шампионатот, кој од оваа сезона ќе биде збогатен со најдобриот планетарен ракометар, екипата на Обрван се сретна со Кретеј во чии редови игра македонскиот репрезентативец Борко Ристовски.
По првите 7 натпревари постогнати се следниве резултати:
ПСЖ-Ним 36-32(21-17)
Засилениот дрим тим состав на ПСЖ победи под палката на Сердарушиќ, иако резултатот покажува дека треба време да се сложат сите коцкички во одбраната.
Монпелје-Шатр 31-25(13-11)
Противникот на Вардар во ЛШ имаше добра увертира на отварањето на сезоната, со домашна победа против новиот прволигаш. Разноврстен напад, со брз проток на топката и активна улога на крилата во нападот. Наспроти нив, гостите се покажаа во солидно издание и најавија битка за секој бод во оваа сезона.
Трембле-Иври 23-24(12-14)
Во тврд и крајно изедначен натпевар, во кој одбраните и голманите доминираа на обете страни, победи и бодовите ги однесе гостинската екипа Иври. На моменти кога се кршеше резултатот делуваа помотивирани и посконцентрирани во фазата на напад но и во фазата на транзиција од одбрана.
Аикс-Нант 34-34(17-17)
Во сите параметри на ракометната игра се пoсочува дека нерешениот исход на овој натпревар е најреaлниот исход. Имаа домашните поддршка и од трибините, имаа и свои мигови како во нападот, така и генерално на натпреварот, но и гостите беа решени низ добра игра да дојдат до бод. Натпревар во кој изобилуваше со убави потези и атрактивни голови, во кој се занемари целосно играта во одбрана.
Сесон-Данкерк 25-23 (13-11)
Овогодинешниот учесник на турнирот во Струга го пречека пред својата бучна публика тимот на Данкерк, кој лани имаше успешна сезона. Домаќинот делуваше уште од самиот старт помотивирано, ги градеа трпеливо акциите во напад, но и покажаа преку корпулентната но подвижна 6-0 зона дека одбраната им е појаката компонента оваа сезона. Гостите се чини во некои ситуации делуваа брзоплето, па така му дозволија на домашниот голман успешни интервенции.
Кретеј-Шамбери 27-27(11-12),
Дерби дуел на селекторот Обрван и голманот на националниот тим Борко Ристовски, дуел кој донесе интересен ракомет и надмудрувања, а на крај донесе и подела на бодовите во неизвесен финиш. Ристовски имаше 10 одбрани на голот на Кретеј.
Тулуз-Ст. Рафаел 26-28 (14-14)
Публиката виде убави голови, брзина во сите сегменти на ракометната игра, а на крајот се радуваа гостите, тим кој и лани одбележа успешна сезона. Ако во првиот дел беше изедначено и неизвесно, во вториот дел се надзираше гостинската победа.


