Искусната репрезентативка на Русија, Ана Кочетова најверојатно и следната сезона ќе го носи дресот на Динамо од Волгоград. Покрај големата финансиска криза, управата на клубот бара начини за задржување на неколку искусни ракометарки кои би биле од голема помош за клубот следната сезона, бидејќи Динамо останува со суперлигашки статус во руската ракометна лига.
Освен Кочетова во Динамо Волгоград може да остане и надежната ракометарка, Јарослава Фролова која од сезона во сезона е сè подобра.
Динамо до сега го напуштија сите „странци“ и руските ракометарки: Седојкина, Дмитриева, Акопјан и Даншина.


