Гласините за враќање на најдобриот ракометар на светот, Никола Карабатиќ во својата земја денес добија конкретна развршница.
Богатите катарски сопственици на ПСЖ ги започнаа преговорите со супер-ѕвездата на Барселона уште на полусезоната, а деталите кои биле договорени и кои беа изнесени во јавноста полека ги исполнија. За ПСЖ најпрво потпиша новиот тренер и некогашниот ментор на Никола Карабатиќ, Звонимир Нока Сердарушиќ, а вториот услов беше исполнет пред две недели кога во клубот од Париз пристигна помладиот брат на Никола, Лука Карабатиќ.
По одморот, францускиот репрезентативец им соопштил на челниците на Барселона дека донел одлука да го напушти клубот, а според договорот кој го има со каталонскиот гигант тоа може да го направи за обештетување од два милиона евра.
Веќе ништо не ги спречува катарските сопственици на ПСЖ да ја платат највисоката оштета во историјата на ракометот, за Никола Карабатиќ и да го откупат договор со Барселона кој важи уште две сезони.