Спортскиот центар „Борис Трајковски“ беше сведок на нов историски момент за македонскиот репрезентативен ракомет. Најдобриот македонски состав ја совлада репрезентацијата на Чешка за четврто учество на Европско првенство.
Натпреварот започна со големи проблеми за македонските репрезентатци, Митков, Прибак и Филип Лазаров не можеа да најдат решение во нападот, а половичниот ефект од бековските позиции им даде предност на гостите од два гола разлика 2-4 по пет одиграни минути.
Покрај големиот број грешки на чешката селекција, водството по 15 минути игра беше во посед на гостите, причина за во игра да влезе капитенот Кирил Лазаров. Македонскиот напад беше поконкретен, надворешната линија доби на опасност, а тоа остави простор за крилните позиции. Дваесет и шест минути и четириесет секунди беа потребни за првата ерупција во арената „Борис Трајковски“, Дејан Манасков со својот шести гол го донесе првото водство за македонската репрезентација. Серијата голови за македонската селекција ја продолжи капитенот Кирил Лазаров, биеше двапати прецизно за највисоката предност во првиот дел од 14-11. До крај на полувремето двата состава постигнаа по уште еден погодок за конечни 15-12 по триесет минути игра.

Второто полувреме продолжи со истото темпо, Филип Лазаров во 32-та минута беше прецизен за прво водство на Македонија од четири голови разлика 17-13. Со мини серија во средината на вториот дел Чешка се закани и го намали водството на домаќините на само два гола разлика 22-20, но Македонија возврати со брзи погодоци на Кирил Лазаров и Никола Марковски за враќање на највисоката предност од четири погодоци во 43-та минута.
Неизвесната завршница во последните десет минути на нозе ги кренаа шесте илјади љубители на ракометот кои во живо го проследија последниот натпревар на Македонија во овој квалификациски циклус. Хес се погрижи за нови возбудувања со два гола во низа за минимално водство на Македонија од 26-25. Неизвесно беше до 55 минута, кога Македонија ги искористи грешките во нападот на Чешка и со голови на браќата Лазарови создаде пристојни три голови разлика, 30-27. Највисоката предност на натпреварот ја потврди Немања Прибак во 58-та минута за 31-27. По одиграни шеесет минути Македонија славеше со 32-28.
Најпрецизен на овој натпревар беше Кирил Лазаров со 11 голови, Манасков постигна 7, а Прибак 4. Во репрезентацијата на Чешка, Хрстка и Здрахала постигнаа по 4 голови.
ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ