Гоце Ојлески: Ја остваривме нашата цел!

Очекувана, но тешко извојувана победа против Чешка, обезбеди место за пласман на Македонија на уште едно големо натпреварување. Низата успешни настапи на европските и светските првенства е продолжена, а зацртаната цел остварена. Една од опциите на левата крилна позиција во репрезентацијата на Македонија, ракометарот на Металург, Гоце Ојлески задоволен од успехот заклучи:

Пред сè ја остваривме зацртаната цел, не така лесен натпревар како што очекуваме, можеби бевме опуштени со оглед на тоа што игравме пред нашата публика, стартот не беше идеален, но на крај се вративме во овој меч и победивме, а тоа беше наша цел.