На завршната прес-конференција во Келн, ЕХФ ги соопшти деталите за Европското првенство кое ќе се игра следната година во Полска.
Имено натпреварите по групи ќе се играат во 4 града: Гданск, Вроцлав, Катовице и Краков. Главната фаза ќе се игра во Вроцлав и Краков, а токму Краков со најголемата сала која има капацитет од 15 ооо гледачи ќе биде домаќин на финалето на Европското првенство.
На 19 јуни ќе се одржи ждрепката за групите, и следниот ден репрезентациите на Полска и Данска ќе одиграат пријателски натпревар.
Утре во 10 часот започнува официјалната продажба на билетите за Европското првенство. За завршницата цените почнуваат од 22 евра за полуфиналето и 26 евра за финалето и притоа постојат шест различни категории на располагање. Најскапите билети ќе се движат од 122 евра за полуфиналето и 153 евра за финалето. Сите натпревари ќе се одиграат во Таурон арената во Краков и цената на влезниците важи за цел ден.



