Данецот останува верен на ПСЖ: Хансен во Париз до 2019 година!

Денес на својот клупски сајт ракометниот клуб ПСЖ ги разреши сите дилеми околу судбината на својот најдобар ракометар, Микел Хансен. И покрај интересот од неколку ракометни гиганти да го обезбедат потписот на изворедниот данец, сепак моќниот ПСЖ не остави ништо на случајноста и потпиша нов тригодишен договор со кој данскиот бомбардер до јули 2019 ќе настапува во градот на светлината.

Хансен кој е најдобар стрелец на клубот постигнувајќи 184 гола во 24 првенствени натпревари и 103 гола во 14 натпревари во ЛШ по продолжувањето договорот изјави:

Се чуствувам многу горд поради довербата која ја имам од клубот. Сакам да ја продолжам мојата ракометна авантура во Париз. Знам дека сме на почетокот на започнување на големи успеси во клубот. Ќе дадам се од себе клубот да ги оствари зацртаните цели.