Започна продажбата на билети за натпреварот со Франција во рамките од квалификациите за Европското Ппрвенство кое во 2016 година ќе се одржи во Полска.
Билетите по цена од 200 и 300 денари ќе можат да се набават он-лајн преку продажната мрежа на Миктикетс и на билетарницата во СЦ „Борис Трајковски“.
Натпреварот со Франција е закажан за 29 април со почеток во 20:15 часот, а домаќин ќе биде арената „Борис Трајковски“ Скопје.


