Победа за самодоверба и надеж: Исланд за загревање, пред вистинските предизвици на младите репрезентативки! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пред репрезентацијата на Македонија следува вистински тест за работата, трудот и желбата на младите ракометарки на Симе Симовски за докажување, борба, победа…

Претстои клучниот дуел кој го крие патникот на следното Европско првенство, чиј домаќин е Шпанија. Патот е долг, но минува низ Црна Гора и Холандија. Исланд е веќе минато, единствено натпревар за центрирање на нишаните пред дуелот со Холандија.

По денешниот пораз од Црна Гора (30-25), Холанѓанките мораа да победат на следните два натпревари доколку сакаат пласман на ново големо натпреварување. На Македонија исто така ѝ е потребен триумф да ја завери визата за Шпанија. Доколку не успеат во тоа против Холанѓанките, ќе имаат поправен против репрезентативките на Црна Гора, но освен победа на овој натпревар ќе внимаваат и на статистиката бидејќи еден од факторите за пласман на ЕП ќе биде гол-разликата.

Тактиката е едно, можностите се друго, а моментот на инспирација на предводничките на оваа генерација ќе го одлучат тимот кој ова лето ќе се бори за шампионскиот трофеј на ракометна Европа. Натпреварот со Холандија се игра утре со почеток во 18:30 во СРЦ „Кале“ во Скопје, влезот за сите љубители на ракометот е слободен.

[Best_Wordpress_Gallery id=”83″ gal_title=”Makedonija-Island (Z19)”]