Елизабет Чавез во Нант!

Репрезентативката на Шпанија, Елизабет Чавез на крајот на оваа сезона ќе го напушти тимот на Ница. Иако изминатиот месец беше поврзувана со македонскиот шампион, ЖРК Вардар, како нов пивотмен во составот на Индира Кастратовиќ, репрезентативката на Шпанија наредната сезона ќе продолжи да игра во Франција, а нејзиниот нов клуб ќе биде Нант.
Освен Елизабет Чавез клубот ја ангажираше и репрезентативката на Србија, Билјана Банделиер. Оваа сезона Нант се бори да обезбеди место на европска сцена, моментално клубот е на петтото место во најквалитетната лига во Франција.