Шамбери-Сесон 17-18(9-9)
Натпревар со одлични одбрани, но и слаба реализација во нападот. Со третиот пораз на последните пет средби тимот на селекторот Обрван направи чекор наназад кон зацртаните цели за висок пласман, додека пак Сесон се наоѓа на средината на табелата (7-мо место) со 19 бодови.
Нант-Ним 31-27(18-15)
Динамичен натпревар со ефикасни напади. Домаќините со 62 % реализација во нападот како и 27 % одбранети удари. Најефикасен кај Нант беше Николас Клеир со 10 голови и Камареро со 8 голови. Кај гостите се истакна Саурина со 8 голови. Нант се наоѓа во добра форма, и со оваа победа стигна до 6-та позиција со освоени 22 бодови.
ПСЖ-Селестат 36-26(19-10)
Силниот состав од градот на светлината влегува во форма во клучниот дел од сезоната. Уште на полувреме беше познат победникот откако одбраната на ПСЖ дозволи само 10 голови во мрежата на Патрис Анонет(кој имаше фантастични 18 одбрани на овој меч). Хансен и Абало го предводеа нападот со 7 односно 6 голови за ПСЖ. Кај гостите, се покажа дека слабиот процент на одбранети удари (14 %) е причина за високиот пораз.
Трембле-Истрес 37-29(13-15)
После одличното прво полувреме, гостинските ракометари подзастанаа, а укажаната шанса ја искористија домашните играчи. Вториот дел го завршија со 24 дадени голови што е импресивна статистика. Друхин со 13 голови беше играч на натпреварот во кој се истакнаа и двата голмани- Резар за Нант(14 одбрани) и кај гостите Андри (11 одбрани).
Кретеј-Монпелје 30-34(15-15)
После израмнетото прво полувреме и отпорот на Кретеј на нашиот Борко Ристовски(скромни 5 одбрани), лидерот Монпелје(36 бодови) предводен од Сиферт(14 одбрани) и Гигу со 6 голови ги однесе двата бода од ова незгодно гостување. Ниту 9-те голови на Хуго Дескат не беа доволни за Кретеј наспроти 74 % реализација во нападот кај лидерот во Д1 лигата.
Ст.Рафаел-Аих 36-33(19-14)
На последните 4 меча, Ст. Рафаел има 3 победи, моментално е на високото 3-то место, додека Аих е на 10-то место со три врзани порази во низа. Во натпревар со ефикасни напади(75 % реализација за домаќинот и 64 % за гостите) се истакнаа Кошето со 11 голови и Ѓукановиќ со 15 одбрани водејќи го својот тим кон нова победа. Кај гостинот Аих повторно најдобар поединец Гони Леоз кој со 9 голови ја потврди добрата форма.
Данкерк-Тулуз 27-24(13-13)
Тулуз одлично го отвори натпреварот и по девет минути игра имаше предност од 4 голови (2-6). До полувремето домаќините го израмнија резултатот на 13-13, а благодарение на одличниот голман Пардин (14 одбрани) гостите ја оддржуваа иницијативата во текот на првите триесет минути.
Одличниот Винсент Жерард на почетокот на вториот дел со шест одбрани во низа ја направи разликата за својот тим. До 50-та минута домаќините имаа предност од два гола 22-20. Гоце Георгиевски, кој имаше одлична реализација со 4 голови од исто толку обиди беше човекот кој го одржуваше Тулуз на минимална разлика од еден гол. Сепак тоа не беше доволно за целосно да се вратат во натпреварот, кој домаќинот Данкерк го доби со 27-24.


