Изненадувачка одлука на Марта Манге: Репрезентативката на Шпанија потпиша договор со анонимен клуб од Франција!

Репрезентативката на Шпанија и членка на Флори, Марта Манге наредните две сезони ќе го носи дресот на Бретања кој се натпреварува во првата француска лига. Веста беше официјално потврдена на ракометниот сајт на Бретања. Манге со клубот потпиша договор на две сезони со можност за продолжување. Амбициите на клубот се јасни, пласман во Супер лигата. Моментално новиот клуб на Манге се наоѓа на второто место во првата француска лига.

marta mange 4

Манге во својата кариера настапуваше за Рокаса, Валенсија, Рибароха, Есбјерг и Зајечар. Со репрезентацијата на Шпанија го освои сребрениот медал на Европското ракометно првенство во 2008 и 2014 година. Во изборот на ИХФ, Марта Манге беше една од кандидатките за најдобра ракометарка на Светот за 2014 година.

Фото:bretagnehandball.fr