Соиграчот на Миркуловски се сели во Франција: Васко Шеваљевиќ во Тулуз

Репрезентативецот на Црна Гора, Васко Шеваљевиќ од идната сезона ќе настапува за француски Тулуз. Левиот бек од Црна Гора одлично се вклопува во мозаикот на Тулуз кој во своите редови го има и Жером Фернандез.
Шеваљевиќ моментално настапува во Бундес лигата за екипата на Хановер, а има настапувано и за РК Ловќен, Портланд Сан Антонио и Динамо Минск.
Тулуз моментално се наоѓа на дванаесетото место во француската лига.

Фото: TSV Hannover-Burgdorf