Денешната програма од женскиот дел на Лигата на шампионите донесе нови возбудувања во група 1 каде се натпреварува и македонскиот шампион, ЖРК Вардар.
Германското дерби во Лигата на шампионите помеѓу Лајпциг и Турингер се претвори во лесен тренинг за Турингер кој триумфираше со високи 34:25 (14:11). Со победата над Лајпциг екипата на Турингер се вмеша во борбата за влез меѓу најдобрите четири екипи во групата 1. Турингер беше предводен од Катрин Енглер и Надја Надгорнаја кои постигнаа по седум погодоци. Слична беше распределбата на головите во екипата на Лајпциг каде Анне Хубингер и Каролина Кудлач запишаа седум погодоци. Во следната рунда Турингер на домашен терен го пречекува Крим Меркатор, а пак Лајпциг ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар во СЦ ,,Јане Сандански”.
Резултати, Група 1
РК Крим Меркатор – ЖРК Будуќност 20:23 ( 8:16)
Лајпциг – Турингер 25:34 ( 14:11)
Динамо – ЖРК Вардар – 15.02.2015
Во групата 2 актуелниот европски шампион Ѓер беше подобар од Мец со 31:27 (15:11). Уште од самиот почеток домашниот состав на Амброс Мартин ја одржуваше предноста во свои раце. Расположена во Ѓер беше Хајди Локе со седум погодоци додека во францускиот тим единствена светла точка беше репрезентативката на Словенија, Ана Грос со 11 погодоци недоволни за добар учинок. И покрај поразот Мец останува во трката за четвртото место во втората група.
Резултати, Група 2
Савехоф – Ларвик 20:25 ( 11:13)
Ѓер – Мец 31:27 ( 15:11)
Виборг – Баја Маре -15.02.2015
Фото:Mario Gentzel – pictureteam.com


