Во саботата руските ракометари беа поразени во клучниот натпревар од групната фаза од репрезентацијата на Аргентина со резултат од 27:30 и со тоа ги изгубија шансите за настап во 1/8 финалето на првенството. Со лошиот настап Русија заврши на петотото место во групата и со тоа се збогува со шансите за добивање на билет за Летните Оимписки Игри 2016 во Бразил.
Тренерот на машката репрезентација на Русија Олег Кулешов на прес-конференцијата по натпреварот изјави:
“Денес или утре ќе ја поднесам својата оставка. Не ја поминавме групната фаза и ништо друго не можам да кажам. За да се дојде до победа тимот мора буквално да умира на терен, доколку тоа не се случи тогаш виновен е тренерот. “
Олег Кулешов ја предводи руската репрезентација од 2012 година. На Светското ракометно првенство 2013 под негово раководство Зборнаја загуби од словенците во четврт финалето.


