Се чекаше дури до 5-та минута за да го видиме првиот гол во мрежата на Египет и воопшто на натпреварот. Германците тргнаа со 5-1 зона, додека Египет со длабока, но подвижна 6-0 формација. Во десетата минута резултатот беше 4-2 за германскиот национален тим кој имаше и играч повеќе на теренот после грубите стартови на египетските одбранбени играчи. На средишницата од полувремето, предводена од одличните крила Геншајмер и Грецки кои заедно до тој момент имаа 4 голови, Германија водеше 6-3. Во 20-та минута беше 10-5, во 25-та минута 12-7, до крајот на полувремето Египет намали за конечни 12-8.
Во вториот дел, на почетокот се случуваше мини серија за Германија од 3-0, за високи +7. Од минута во минута разликата се зголемуваше, па така во средината од второто полувреме на семафорот стоеше 19-11. Победникот беше познат, а Германците почнаа да ги штедат своите најдобри играчи во пресрет на дуелите од самата завршница на СП во Катар. Нервозно шеташе покрај аут линијата корпулентниот селектор на Египет но разликата стана +9 и тоа 21-12. Дури и со серијата од 1-4 за Египет беше предоцна за било што. Германија е фо 1/4 финалето на СП во Катар.
Најефикасни беа: Геншајмер 6 и Грецки со 5 погодоци.


