На половина час пред почетокот на најважниот дуел на македонската ракометна репрезентација против Словенија, ракометарите веќе се на загревање на паркетот во Али Бин Хамад Ал-Атијах арената во Доха. Пријателски поздрави, насмевки и по некоја шала пред овој најзначаен натпревар за двете репрезентации си поделија ракометарите кои меѓусебно имаат одиграно голем број дуели како на клупско така и на репрезентативно ниво.








