Дека во Тунис владее ракометна еуфорија за време на СП во Катар можевме да видиме од бројката на туниските навивачи во Доха, како и од атмосферата која ја прават. Меѓутоа погледнете ја страста за ракометот и начинот на кој го доживува секој постигнат гол за својата репрезентација на овој туниски радио коментатор. Ќе ве освои од прва.


