Преглед 5.коло, група Д: Данска-Полска

Пирова победа на репрезентацијата на Данска во последното 5-то коло од групната фаза на светското првенство во Катар. Данска беше поуспешна од репрезентацијата на Полска, но киксот во првото коло против репрезентцијата на Аргентина ја чинеше прво место во групата Д.
Група Д
Данска 31-27 Полска (16-12)

Скандинавците започна фуриозно и по 5 минути игра имаа предност од 3-0. Во 15-та минута Полјаците го израмнија резултатот на 6-6. Клучната разлика репрезентативците на Данска ја создадоа во финишот на првиот дел. Во 22-та минута започна низата голови на Данците која Сван ја заврши со својот четврти погодок за 14-10. Со истата предност двете репрезентации заминаа на паузата, а на семафорот стоеше резутатот 16-12.
Полска се закани на почетокот на второто полувреме со головите на Јурецки и Ројевски, но следуваше одговор на скандинавските ракометари за највисоки седум голови предност во 41-та минута, 22-15. Ракометарите на Полска најблиску до водството на Данците беа во 49-та минута при резултат 25-21 и на минута пред крај кога Биелецки го постигна својот единствен погодок за 30-26.
По шеесет одиграни минути Данска славеше со 31-27 и го освои второто место во групата Д, следен противник во 1/8 финалето ќе и биде репрезентацијата на Исланд која заврши како третопласирана во групата Д. Полска како третопласирана во групата своето 1/8 финале ќе го одигра против репрезентацијата на Шведска. Двата натпревари се на програмата на 26 јануари од 18:30 односно 21:00 по локално време.
10952098_10204578693740517_78108118_o
Најпрецизен во тимот на Данска беше Ханс Линберг со шест постигнати погодоци од исто толку обиди, додека за репрезентацијата на Полска Јурецки постигна 5 погодоци од исто толку обиди, а на врвот на листата на стрелците му се придружи и Ројевски истотака со 5 погодоци, но од 8 обиди.