Во дебри натпреварот од групата Ц кој одлучуваше за првата позиција репрезентацијата на Франција успеа со пресврт во последните минути на натпреварот да стигне до тесна победа на швеѓаните од 27:25. Со оваа победа Французите ја оправдаа фаворитската улога и заслужено завршија на првата позиција во групата.
Група Ц: Франција – Шведска 27:25 (11-12)
Швеѓаните со погодокот на Остлунд го отворија натпреварот и нивиот одличен старт го надполнија со уште неколку погодоци за почетна серија од 4-0 веќе во 6тата минута од натпреварот. Конечно во вториот обид од линијата на седум метри преку Жоли Гијом, Французите дојдоа до првиот погодок и возвратија на ист начин за брзо израмнување на резултатот во 11 минута на натпреварот. Свои минути имаа и двете репрезентации, прво швеѓаните направија мини серија по што французите на ист начин возвратија за во последните пет минути од првиот дел швеѓаните да влезат со погодок погодок предност.
Уште едно израмнување следуваше по 4тиот успешен погодок на Жоли од 7 метри на три минути пред крајот. Целосно дефокусиран во првиот дел беше еден од најдобрите светски играчи Никола Карабатиќ кој заработи суспензија на крајот од првиот дел благодарение на која Шведска со гол предност отиде на пауза (12-11).
Во вториот дел натпреварот продолжи во исто темпо и изедначена борба од страна на двете репрезентации. По 12 минути игра швеѓаните успеаа по трет пат резултатски да се одлепат а дополнителен проблем за француската репрезентација беше црвениот картон кој го заработи Лука Карабатиќ по ударот кој го зададе кон противничкиот играч.
Крајно неизвесни беа и последните минути на натпреварот а триколорите благодарение на непогрешливиот Жоли стигнаа конечно до предност во моментите кога се кршеше натпреварот. Омејер со 13тата одбрана ги урна сите надежи на швеѓаните за конечна победа од 27-25 за француската репрезентација.
Со оваа победа Франција во 1/8 финалето ќе се сретне со репрезентацијата на Аргентина, додека швеѓаните ќе играат против репрезентцијата на Полска.



