ЖРК Металург на третиот ракометен турнир во женската регионална лига ќе ги бара првите бодови против домаќинот, Подравка. Освен со Подравка нашиот претставник ќе игра и против Крим Меркатор од Словенија. ЖРК Металург, Подравка и Крим Меркатор на своето конто имаат нула бодови. Лидер во регионалната лига е ЖРК Будуќност додека изненадувачки на втората позиција моментално е вториот тим на ЖРК Будуќност ( Даниловград). Натпреварот Подравка – Металург е со почеток од 18ч.
Распоред, турнир 3 ( Копривница)
Подравка – ЖРК Металург ( 17.01.2015)
РК Крим Меркатор – ЖРК Металург ( 18.01.2015)
Подравка – РК Крим Меркатор ( 18.01.2015)
Резултати, турнир 2 ( Подгорица)
ЖРК Даниловград – Подравка 32:21 ( 14:8)
ЖРК Будуќност – Подравка 25:19 ( 14:8)
Даниловград – ЖРК Будуќност 23:30 ( 9:15)
Резултати, турнир 1 ( Подгорица)
ЖРК Будуќност – РК Крим Меркатор 33:15 ( 19:6)
Даниловград – ЖРК Металург 26:18 ( 13:8)
РК Крим Меркатор – Даниловград 26:32 ( 14:15)
ЖРК Будуќност – ЖРК Металург 30:15 ( 14:7)
Табела
1. ЖРК Будуќност 8
2. ЖРК Даниловград 6
3. Подравка 0
4. РК Крим Меркатор 0
6. ЖРК Металург 0


