Ивано Балиќ се враќа во хрватскиот ракомет!

Ивано Балиќ се враќа во хрватскиот ракомет. Поранешниот најдобар ракометар на светот од јули 2015 година се очекува да ја преземе функцијата координатор за машкиот ракомет. Оваа информација за хрватските медиуми ја потврди и извршниот потпретседател на Хрватскиот Ракометен Сојуз, Зоран Гобац:

Веќе подолго време сме во преговори со Ивано. Него тоа место му припаѓа, со оглед на тоа колку даде за хрватскиот ракомет. На почетокот на јуни Ивано ќе ја заврши кариерата во Вецлар, а од 1 јули ќе се стави на располагање на хрватскиот ракометен сојуз.