Вчера заврши гласањето на фановите на Европското ракометно првенство, во кое имаа можност да ја одберат најдобрата седморка на натпреварувањето. На завршната прес конференција ЕХФ ги објави резултатите, а очекувано во изборот доминираат скандинавските ракометарки. За најкорисен играч на првенството е избрана Изабел Гулден од Шведска. Меѓу најдобрите публиката ги одбра: на голманската позиција Норвежанката Синје Солберг, Данката Марија Фискер на лево крило, Кристина Неагу од Романија на позиција лев бек, централен бек Кристина Кристијансен од Данска, Нора Морк од Норвешка на позиција десен бек, уште една Норвежанка Хајди Локе на позиција пикер, Кармен Мартин од Шпанија на позиција десно крило и како најдобар дефанзивец избрана е Сабина Јакобсен од Шведска.


