Вардарката во репрезентацијата на Црна Гора – Андреа Кликовац верува во можностите на својата селекција. На вчерашната средба со новинарите таа ја даде следната изјава.
“Мислам дека пред се многу сме позрели и поискусни и сметам дека нашата одбраната делува подобро од претходното првенство Европско првенство. Сега така се сложија нештата да сите натпревари на кои настапивме беа многу тешки а токму против репрезентацијата на Шведска натпреварот беше навистина исцрпувачки. Борбата за третото место ќе биде многу тешка бидејќи се работи за медал и сметам дека токму одбраната ќе биде таа која што ќе го реши победникот.”


