Жесток инцидент во Загреб (ВИДЕО)

На последниот натпревар на домашен терен екипата на ППД Загреб беше поразена од белорускиот шампион Мешков Брест со 21:24. Но посебно внимание на овој натпревар предизвика инцидентот кој го предизвикаа ракометарите на двете екипи. Искрите започнаа кога босанскиот ракометар во редовите на Загреб, Челица го удри ракометарот на Брест, Рутенка, а потоа шоуто го превземаа Јосип Валчиќ и Никуленкау. За среќа овој инцидент заврши без некој посериозни последици. Валчиќ и Никуленкау беа санкционирани со црвени картони.