Шпанија трет полуфиналист: Младите Данки немоќни пред „црвената фурија“

По одличното издание на Шпанија против репрезентацијата на Данска, Црногорките нема да имаат воошто лесна задача во полуфиналето. Данките во клучниот дуел потфрлија,а пресуди искуството и мотивацијата.
ГРУПА 1(Унгарија, Дебрецен)
ШПАНИЈА 29-22 ДАНСКА (15-12)

Неизвесноста траеше 22 минути.Иако Шпанија имаше предност од еден гол, Данките одржуваа чекор се до 25-та минута кога по головите на Пена и Фернандез, Шпанија се одлепи на 12-9. Највисока предност Шпанките имаа во 29-та минута 15-11, но до крајот на полувремето Торсгард постигна погодок за конечни 15-11
18552_5491d046a1
Надежта дека може да се изборат за полуфинале данските ракометарки ги одржуваше во игра до 36-та минута кога Спелерберг постигна погодок за минимални два гола предност на Шпанија. Кабрал на два пати, Пинедо и Мартин беа прецизни за највисоката разлика од шест погодоци, 21-15 во 42-та минута. Кога веќе беше решен противникот, Шпанките наместо да застанат го засилија темпото и до 53-та минута создадоа недостижна предност од 10 голови, 28-18.
До крајот на натпреварот Данска само го намали високото водство за голема радост на Шпанија и ново полуфинале.
Најпрецизна во победничката селекција беше Кабрал, додека во редовие на скандинавките Јоргенсен постигна 7 погодоци.
Шпанија ќе се сретне со Црна Гора во првото полуфинале кое на програмата е во петок 19.12.2014.