Норвешка единствениот сигурен полуфиналист: Весела математика во пресрет на последното коло

Група 1 (ДЕБРЕЦЕН)

ЕКИПА
НАТПР.
ВКП ПОБЕДА НЕРЕШ. ПОРАЗ ГОЛОВИ РАЗЛ. ПОЕНИ
1.НОРВЕШКА 4 4 4 0 0 109:90 19 8
2.ДАНСКА 4 4 2 1 1 101:95 6 5
3.ШПАНИЈА 4 4 2 0 2 102:99 3 4
4.УНГАРИЈА 4 4 2 0 2 95:92 3 4
5.РОМАНИЈА 4 4 1 1 2 89:96 -7 3
6.ПОЛСКА 4 4 0 0 4 88:112 -24 0

Во пресрет на последното коло:

Решавачки натпревар (прва веројатност):

Доколку Шпанија ја победи Данска тогаш Шпанија оди во полуфинале како второпласирана

Решавачки натпревар (втора веројатност):

Доколку Шпанија одигра нерешено со Данска, Данска е во полуфинале како второпласирана

Решавачки натпревар (трета веројатност):

Доколку Данска ја победи Шпанија тогаш Данска е второпласирана и се пласира во полуфинале:

Група 2 (ЗАГРЕБ)

ЕКИПА
НАТПР.
ВКП ПОБЕДА НЕРЕШ. ПОРАЗ ГОЛОВИ РАЗЛ. ПОЕНИ
1.ШВЕДСКА 4 4 3 1 0 129:110 19 7
2.ЦРНА ГОРА 4 4 3 0 1 106:95 11 6
3.ХОЛАНДИЈА 4 4 2 1 1 116:107 9 5
4.ФРАНЦИЈА 4 4 2 1 1 95:91 4 5
5.ГЕРМАНИЈА 4 4 0 1 3 102:119 -17 1
6.СЛОВАЧКА 4 4 0 0 4 84:110 -26 0

Во пресрет на последното коло:

Решавачки натпревар (прва веројатност):

Доколку Шведска ја победи Црна Гора тогаш Шведска е првопласирана и се пласира во полуфинале:

А) Франција ако ја победи Холандија, Франција е во полуфинале како второпласирана и вкрстува со Норвешка,

Б) Холандија ако ја победи Франција, Холандија е во полуфинале како второпласирана и вкрстува со Норвешка

В) Доколку Холандија и Франција одиграа нерешено, се прави круг од три репрезентации и меѓусебната гол-разлика го определува полуфиналистот, во тој случај сите репрезентации ќе имаат иста гол-разлика, затоа ќе одлучуваат повеќе постигнати голови, доколку нерешениот резултат е под 68 голови, Црна Гора е полуфиналист, но доколу е над 68 голови понатаму оди Холандија, доколу се постигнат точно 68 голови за понатамошните параметри ќе одлучува ЕХФ, но веројатно ќе се земе во предвид вкупната гол-разлика и вкупно постигнати голови во главната фаза.

Решавачки натпревар (втора веројатност):

Шведска одигра нерешено со Црна Гора, Шведска е во полуфинале како првопласирана:

А) Ако Франција  ја победи Холандија ќе се пласира на второто место и во полуфиналето ќе игра против Норвешка

Б) Ако Холандија ја победи Франција, Црна Гора се пласира во полуфиналето и ќе игра против Норвешка

Ц) Доколку Холандија и Франција одиграле реми, Црна Гора се пласира во полуфиналето и ќе игра против Норвешка

Решавачки натпревар (трета веројатност):

Црна Гора ја победи Шведска тогаш Црна Гора е првопласирана и се пласира во полуфинале:

А) Доколку Франција ако ја победи Холандија, Шведска ќе се пласира на второто место и во полуфиналето ќе игра против Норвешка

Б) Доколку Холандија ја победи Франција, за да се пласира во полуфиналето и да игра против Норвешка, потребна е победа од најмалку 10 погодоци разлика во спротивно пресудна улога ќе има вкупната гол-разлика на двете екипи.

Ц) Доколку Холандија и Франција одиграле реми, Шведска се пласира во полуфиналето и ќе игра против Норвешка.