ЕХФ ја одбра најдобрата седморка на групната (т.н. прелиминарна) фаза. Како дел од најуспешните ракометарки во досегашниот тек на Првенството ја нема најпрецизната ракометарка Андреа Пенезиќ, а на нејзино место е искусната полска репрезентативка Кудлач која има подобар процент на прецизност и 15 асистенции во првиот дел од натпреварувањето. Меѓу најдобрите се две Швеѓанки (Оден и Гулден), две Норвежанки (Солберг и Локе), Украинка (Боршенко), Шпанка (Мартин) и полската репрезентативка Кудлач. На следното видео можете да се уверите во квалитетот на овие ракометарки.


