По очекуваната победа на Вардар на овој натпревар, тренерите на двете екипа заедно со Страхиња Милиќ и Милан Џукиќ го дадоа своето мислење за натпреварот.
Игор Раџеновиќ, тренер на екипата на РК Борац:
Му честитам на противникот на заслужената победа. Со оглед на нашата ситуација и силите на теренот одигравме добар натпревар. Сакам да им честитам на моите момци што се залагаа и одиграа коректно. Првото полувреме одигравме добро во вториот дел противникот ја зацврсти одбраната и не држеше на 5-6 голови разлика, по наши грешки, задоволен сум од натпреварот.
Раул Гонзалес, тренер Вардар:
Не беше лесно на овој натпревар бидејќи играа добар ракомет, имграат добра одбрана 6-0. Во првиот дел ни беше потешко, а во вториот дел одигравме подобро во одбраната, а Милиќ имаше добри интервенции.
Милан Џуќиќ, ракометар РК Борац:
Вардар беше фаворит на овој натпревар, тие имаат подобра екипа и играат поквалитетен ракомет. Им честитам на Вардар за победата. Би сакал да им се заблагодарам на нашите навивачи кои поминаа долг пат да не бодрат.
Страхиња Милиќ, голман Вардар:
Иако резултатот не покажува така натпреварот беше тежок. Ние во второ полувреме одигравме поквалитетно и им посакувам подобро да се подготват во наредниот период.