Веспрем меѓу публиката на натпреварот Вардар-Борац (Фото)

Пред утрешниот натпревар во СЕХА лигата меѓу Металург и Веспрем,ракометарите на унгарскиот шампион го искористија престојот во Скопје да го проследат натпреварот меѓу Вардар и Борац во спортскиот центар “Јане Сандански”.
Утре од 19 часот Веспрем го очекува интересен дуел со македонскиот првак Металург кој поради финансиски проблеми, за жал не е во идеална форма.