Пенезиќ: Нема повеќе да настапувам за репрезентацијата!

По дебаклот кој го доживеа нејзината репрезентација на ЕП, Андреа Пенезиќ реши дека е време да се збогува со репрезентативниот дрес и да им овозможи место на помладите ракометарки:

Повеќе нема да одговарам на повиците за настап во репрезентацијата. Многу од нас поискусните би го направиле тоа и порано, но првенството се играше во Хрватска и тоа не држеше и поматаму во репрезентацијата. Секако најголема чест е да настапуваш за сопствената земја, но ова повеќе нема смисла. Сега е ред на младите. Имавме непроспиена ноќ како и сите девојки, многу сме разочарани, но навикнати сме на вакви работи.